КИЕВ БИЛ ПОДГОТВЕН ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА – Западот го спречи вели Путин

Москва континуирано тврди дека конфликтот е прокси војна во која Украина е користена како „топовско месо“ за туѓи интереси, а европските поддржувачи на Киев постојано ги попречуваат мировните иницијативи.

КИЕВ БИЛ ПОДГОТВЕН ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА – Западот го спречи вели Путин
Фото: Принтскрин

Киев во 2022 година бил подготвен да ги повлече своите сили од Донбас и да стави крај на воениот конфликт, но под притисок на Западот ја сменил својата позиција, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција во Кина.

„Москва тогаш побара од Киев да ги почитува изборите на жителите во југоисточна Украина и да повлече војска од регионот. Тоа веднаш ќе значеше крај на конфликтот,“ рече Путин, додавајќи дека украинските власти првично не ги отфрлиле тие услови.

Ситуацијата, според него, се променила по повлекувањето на руските сили од околината на Киев – потег што Москва го направила „на упорни повици од западноевропските колеги“.

„Откако се повлековме, ни беше кажано речиси дословно: сега ќе се бориме до крај, или ние или вие,“ истакна рускиот претседател, објаснувајќи дека Западот ја радикализирал украинската страна.

Москва континуирано тврди дека конфликтот е прокси војна во која Украина е користена како „топовско месо“ за туѓи интереси, а европските поддржувачи на Киев постојано ги попречуваат мировните иницијативи.

Сепак, Путин порача дека мировен договор и понатаму е можен, особено ако постои „искрена желба“ од американскиот претседател Доналд Трамп да се најде решение. Но, тој нагласи дека доколку не се постигне договор, Русија е подготвена да ги брани своите интереси и да ги оствари целите со воени средства.

CATEGORIES
TAGS
Share This