ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025 – 69 иницијативи за независни кандидати за градоначалници и 68 за советници

Најмногу независни кандидатури има во Прилеп – седум за градоначалник, а по него следува Демир Хисар со пет.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025 – 69 иницијативи за независни кандидати за градоначалници и 68 за советници

Заклучно со 1 септември, до Државната изборна комисија се поднесени 69 иницијативи за независни кандидати за градоначалници и 68 за листи на советници за претстојните локални избори на 19 октомври. Меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје се Ване Цеков, Драган Николовски, Сашо Маневски, Горан Марковски, Сашо Панговски и Демир Исмаил, додека за Советот на Градот Скопје иницијативи поднесоа Јана Белчева-Андреевска и Марјан Калевски.

Најмногу независни кандидатури има во Прилеп – седум за градоначалник, а по него следува Демир Хисар со пет. Во повеќе скопски општини, како Гази Баба и Ѓорче Петров, нема независни кандидати, додека во Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Аеродром и Арачиново е пријавен по еден.

Во 2021 година на локалните избори учествуваа 57 независни листи, кои собраа над 65 илјади гласови и станаа четврта политичка сила во земјата. Годинава, конечната потврда на кандидатските листи ќе ја дадат Општинските изборни комисии до 13 септември. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.

CATEGORIES
TAGS
Share This