МАКЕДОНИЈА НЕМА ПРОБЛЕМ СО УЧЕН КАДАР 1.000 магистри и 39 доктори на науки седат дома и чекаат на готовс
Меѓу невработените магистри има 639 мажи и 387 жени, покажуваат податоците за август 2026 година.

Ниту магистерската, ниту докторската диплома не гарантира вработување во Македонија. Вкупно 1.026 магистри и 39 доктори на науки се евидентирани како невработени, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување, заклучно со 31 август 2026 година, објави „Телма“.
Според статистиката, од вкупниот број невработени магистри, 639 се мажи, а 387 се жени. Кај лицата со докторска титула, како невработени се водат 26 мажи и 13 жени.
Сепак, во август е забележано мало намалување на бројот на високообразовани лица кои бараат работа. Еден месец претходно, во јули, во евиденцијата имало 1.068 невработени магистри и 40 доктори на науки.
Тоа значи дека за еден месец бројот на невработени магистри се намалил за 42 лица, додека бројот на доктори на науки е помал за едно лице.
Загрижувачки се и пошироките показатели за состојбата на пазарот на трудот. Стапката на невработеност кај младите на возраст од 15 до 29 години во вториот квартал од 2026 година изнесувала 24 проценти, додека вкупната стапка на невработеност во земјава била 11,3 проценти.
Важно е да се напомене дека податоците на Агенцијата се однесуваат само на лицата официјално пријавени во евиденцијата на невработени, а не на сите магистри и доктори на науки кои немаат работа.
МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПА ПО ДОКТОРИ НА НАУКИ – Но магистрите ни недостасуваат

