ЕВРОПА ВОВЕДУВА ДИГИТАЛНО ЕВРО Од 2027 година започнува големиот тест, се подготвува промена во плаќањето

Во тестирањето ќе бидат вклучени банки, трговци и даватели на платежни услуги, а ќе се испробуваат плаќања во продавници и преку интернет.

ЕВРОПА ВОВЕДУВА ДИГИТАЛНО ЕВРО Од 2027 година започнува големиот тест, се подготвува промена во плаќањето
Фото: Принтскрин

Европската централна банка (ЕЦБ) ги забрзува подготовките за воведување на дигиталното евро, а пилот-проектот за тестирање на новата дигитална форма на европската валута треба да започне во втората половина на 2027 година. Ова го соопшти членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне, обраќајќи се пред Комитетот за економска и монетарна политика на Европскиот парламент.

Според Чиполоне, брзото завршување на преговорите меѓу Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија би овозможило законскиот пакет за дигиталното евро да биде усвоен до крајот на оваа година.

Тој нагласи дека усвојувањето на правната рамка е неопходно за ЕЦБ да ги заврши техничките и оперативните подготовки и да обезбеди поголема сигурност за пазарот во однос на можниот датум на првото официјално издавање на дигиталното евро. Пилот-програмата ќе опфати вработени во Евросистемот, избрани банки, други даватели на платежни услуги и трговци.

Ќе се тестираат различни видови секојдневни плаќања – во продавници, во кантините на централните банки, како и преку интернет. ЕЦБ веќе избрала 36 даватели на платежни услуги од повеќе од 50 кандидати. Изборот на онлајн и мобилните трговци кои ќе учествуваат во програмата треба да биде објавен на почетокот на следната година.

Од ЕЦБ појаснуваат дека пробната верзија нема да има статус на законско средство за плаќање. Нејзината цел е да се проверат техничките можности, безбедноста и функционирањето на системот пред евентуалното официјално воведување.

Чиполоне предупреди дека евентуалното одложување на усвојувањето на потребните регулативи може да го забави целиот процес и дополнително да ја продлабочи зависноста на Европа од странските компании кои обезбедуваат платежни услуги.

Со дигиталното евро, ЕЦБ настојува да воспостави европска дигитална платежна инфраструктура, која би функционирала како дополнување на готовината.

КРАЈ НА КЕШОТ Еве што навистина ќе се случува кога ќе пристигне дигиталното евро

 

CATEGORIES
Share This