ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ – Очекуваме историски резултат на локалните избори

Мицкоски најави дека на 3 септември Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја одржи седницата на која ќе бидат објавени сите кандидати за локалните избори.

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ – Очекуваме историски резултат на локалните избори
Фото: Национал

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека партијата се подготвува за „историски резултат“ на претстојните локални избори во октомври, со цел да продолжи реформската агенда на Владата.

„Приоѓаме силно и јасно во оваа кампања затоа што сакаме да потврдиме дека Македонија е на вистинскиот пат на реформи. Иако бројките велат дека Коњановски победува уште во првиот круг, до последен момент ќе се трудиме да убедиме што повеќе граѓани да излезат и да го дадат својот глас“, изјави Мицкоски при посетата на РЕК Битола.

Тој оцени дека опозицијата веќе ги загубила овие избори и дека по нив ќе мора да се реструктуира.

„Им препорачувам процес на внатрешна катарза за да се ослободат од старите практики и да станат конструктивна опозиција“, рече премиерот.

Мицкоски најави дека на 3 септември Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја одржи седницата на која ќе бидат објавени сите кандидати за локалните избори.

CATEGORIES
TAGS
Share This