ПОЖАРИТЕ ЗАПРЕА Од денес повторно отворен патот Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“

Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, извествуваат од АМСМ.

ПОЖАРИТЕ ЗАПРЕА Од денес повторно отворен патот Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“

Регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен, кој беше затворен поради неодамнешните пожари, од 27 август повторно ќе биде пуштен за сообраќај, информираат од Министерството за внатрешни работи и АМСМ.

Возачите се повикуваат на претпазливо возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на коловозот.

АМСМ известува дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, коловозите се суви, а иако е зголемен интензитетот на сообраќајот поради летните одмори, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

CATEGORIES
Share This