ЛАВРОВ ВИНАТА ЗА ДРЖАВНИОТ УДАР ВО УКРАИНА ЈА БАРА ВО САД – Да беше Трамп претседател на САД во 2014 немаше да падне Јанукович
Според него, администрацијата на Трамп се фокусирала исклучиво на националните интереси на САД, што ја правело неверојатна можноста за поддршка на државни удари во странство.

Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати изјави дека војната во Украина немало да се случи за време на неговиот мандат. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за NBC News оцени дека оваа изјава значи оти САД немало да го поддржат ниту организираат државниот удар во Киев во 2014 година.
„Кога претседателот Трамп вели дека немало да има војна ако тој бил на власт, тоа јасно упатува дека Американците немаше да го подготвуваат, финансираат и организираат соборување на легитимниот украински претседател Виктор Јанукович во февруари 2014 година. Само еден ден откако Јанукович и опозицијата постигнаа договор – гарантиран од ЕУ, Германија, Франција и Полска – истиот беше прекршен од опозицијата“, рече Лавров.
Според него, администрацијата на Трамп се фокусирала исклучиво на националните интереси на САД, што ја правело неверојатна можноста за поддршка на државни удари во странство.
„Не мислам дека Трамп, со својот слоган ‘Да ја вратиме Америка на нејзината величина’ и со неговиот прагматичен пристап, би учествувал во каков било државен удар, ниту во Украина, ниту на друго место“, додаде Лавров.
Во таа насока, тој потсети на податоци објавени од „Риа Новости“, според кои Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) во периодот од 2008 до 2013 година издвојувала над 14 милиони долари за невладини организации во Украина. Според руската страна, токму овие активности придонеле за протестите и немирите што кулминираа со настаните од 2013–2014 година.


