ВОЈНА СО УЕФА – Изгубивме 16 бода поради судиите

Клубот собира стотици страници докази за спорни судиски одлуки од Ла Лига.

ВОЈНА СО УЕФА – Изгубивме 16 бода поради судиите
Фото: Принтскрин

Од почетокот на сезоната, Реал Мадрид подготвува обемно досие за судиските одлуки за кои смета дека му нанеле штета во Ла Лига, со намера да го презентира пред УЕФА.

Клубот собира и анализира спорни судиски ситуации од оваа и од минатата сезона, кои, според нив, директно влијаеле врз резултатите.

Претседателот Флорентино Перез на неодамнешна прес-конференција изјави дека на УЕФА ќе ѝ биде доставено досие од околу 500 страници, придружено со видео-материјал со одлуки кои, според клубот, го чинеле тимот 16 бодови оваа сезона.

Во моментот, Барселона има предност од 14 бодови на табелата.

Дополнително, Реал Мадрид наведува дека оваа сезона бил тимот со најмногу ВАР-интервенции против себе. Вкупно имало 14 ВАР-прегледи на нивните натпревари, од кои 11 одлуки биле на нивна штета, а три во нивна корист (нето -8).

Според овие податоци, клубот е меѓу екипите со најмал број судиски одлуки во своја корист и со најмногу интервенции против себе.

Од друга страна, Барселона има биланс од +5 ВАР-интервенции во своја корист: осум пати била оштетена, но 13 пати добила поволна одлука.

Клубот наведува дека овие бројки се однесуваат само на официјално регистрирани ситуации, но дека во анализата се вклучени и моменти кога, според нив, имало штета поради недостиг на реакција или интервенција.

Сето ова е дел од материјалот што Реал Мадрид планира да го прикаже пред УЕФА.

CATEGORIES
Share This