34 ГОДИНИ ДЕНАР – Вистината зад стабилноста што никој не ја очекуваше
лучните одлуки што ја обликуваа монетарната политика во Македонија.

Од воведувањето на денарот во 1992 година до денешните услови на глобална неизвесност, Народната банка веќе 34 години ја одржува монетарната стабилност како еден од клучните столбови на домашната економија. Оваа година, значењето на датумот е уште поголемо, бидејќи институцијата истовремено одбележува и 80 години централнобанкарска традиција во земјата.
На 26 април 1992 година беше воведена националната валута денарот, со што започна процесот на монетарно осамостојување. Во период исполнет со економски трансформации, инфлаторни притисоци и структурни предизвици, Народната банка постепено изгради стабилен и отпорен монетарен систем.
Еден од клучните моменти во тој развој беше воведувањето на стратегијата за стабилен девизен курс во 1995 година, како и врзувањето на денарот за еврото во 2002 година. Овој режим и денес претставува основен механизам за одржување доверба во валутата и стабилноста на економијата.
Во изминатите децении, денарот остана стабилен и во услови на сериозни глобални кризи вклучително пандемијата, енергетската криза и геополитичките тензии. Со примена на монетарни инструменти, централната банка придонесе за стабилни девизни резерви и здрав банкарски сектор кој ја поддржува економската активност.
Двојниот јубилеј 34 години монетарна самостојност и 80 години централнобанкарско работење според Народната банка претставува потврда за институционалниот континуитет и зрелоста на финансискиот систем.
Паралелно со одржувањето на стабилноста, институцијата постојано ги зајакнува капацитетите, инвестира во човечки ресурси и модернизација, со што се позиционира како независна и кредибилна институција препознаена и на меѓународно ниво.
Во фокусот остануваат ценовната и финансиската стабилност, поддршката на евроинтегративниот процес, како и дигитализацијата и модернизацијата на финансискиот систем, процеси што треба да придонесат за понатамошно зајакнување на економијата и подобрување на животниот стандард.
Народната банка и во иднина останува посветена на својата основна цел и стабилен денар и сигурен финансиски систем како темел за одржлив економски развој.


