27. МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА КАРИКАТУРИ И АФОРИЗАМ – Доделени признанијата за најдобри дела

Карневалските празнувања продолжуваат со корзо и доделување награди.

27. МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА КАРИКАТУРИ И АФОРИЗАМ – Доделени признанијата за најдобри дела
Фото: Принтскрин

На 27. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам во Струмица, жирито синоќа ги додели највисоките признанија за најдобри дела. Златна плакета за карикатура му припадна на словачкиот карикатурист Роман Сика, додека за афоризам наградата ја освои српскиот афористичар Александар Чотриќ.

Во категоријата карикатура, сребрена плакета доби македонскиот уметник Миро Георгиевски, а бронзена плакета му припадна на македонскиот карикатурист Блаже Докуле. Награда од Струмичкиот карневал му беше доделена на Надица Митев.

Во категоријата афоризам, сребрена плакета освои Атанас Крлевски, а бронзена плакета доби српската авторка Лилјана Крстиќ. Дипломи беа доделени на Екрем Мациќ (БиХ), Елисавета Бончева (Македонија) и Марија Ранѓеловиќ (Србија), додека наградата од Струмичкиот карневал ја доби Миле Ѓоргијоски.

Изложбата на фестивалските дела е дел од традиционалната програма на Струмички карневал. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, нагласувајќи дека преку хуморот и сатирата Струмица испраќа порака за креативност, слобода на изразување и меѓународна соработка.

Карневалските празнувања продолжуваат денеска со Карневалско корзо и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер.

CATEGORIES
Share This