13 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО ВО ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕ Нема активни, еден сè уште под контрола
12 пожари целосно изгаснати, огнот кај Белица и Јасен сè уште тлее.

Фото: Принтскрин
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 13 пожари на отворен простор, од кои 12 се целосно изгаснати, а еден е ставен под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарот кај селото Белица и локалитетот Јасен сè уште тлее, но е под контрола. Со огнот е зафатена нискостеблеста и мешана шума.
Според ЦУК, во моментов нема активни пожари на отворен простор.
CATEGORIES Македонија

