„ЗРНО“ СО БОГАТА МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА – Фестивал „Аналогманија“ во Темишвар
Изложбата нуди богат мозаик на идеи, концепти и визуелни истражувања, охрабрувајќи ги посетителите да се поврзат со визијата на секој автор

Во понеделник, 13ти Октомври, во Темишвар, Романија, фестивалот „Зрно“ ќе учествува на „Аналогманија“ – меѓународен фестивал посветен на аналогна фотографија, филм и музика. Настанот е дел од пошироките активности на „Зрно“ за промовирање и ширење на аналогната култура во Европа и Зрно фестивалот е препознат ширум Европа како значаен промотор на аналогниот пристап во современата уметност и станува јадро на алтернативната фотографија во Европа.
На фестивалот „Аналогманија“, „Зрно“ ќе претстави:
- Исчезнувањево пејзажот – авторска изложба на Сара Сасани (Иран)
- Гора – стебла,авторска изложба на Стиг Марлон Вестон (Норвешка)
- Ева Ристиќ и Време за чај– авторска изложба Емилија Сандиќ (Србија)
- Воскреснување на старите мајстори: оживеанинегативи од браќата Манаки, Зрно во соработка со Државниот архив на Македонија – Сашо Алушевски
- Во рамките на фестивалот, Сашо Алушевски ќе претстави неколку делана македонските пионери на фотографијата и филмот – браќата Манаки, отпечатени на традиционален начин, со благородни историски фотографски техники – Ван Дајк и Цијанотипија.
- Изложба: „Sehschärfenbestimmung“(корекција на диоптријата) 60 уметнички пристапи кон аналогната фотографија
Во организација на galerie.guerilla од Виена и Зрно, оваа изложба претставува разновиден спектар на креативни процеси засновани врз аналогни техники и естетики. 60 уметници, повеќето од Европа, се претставени со внимателно избрани дела. Изложбата нуди богат мозаик на идеи, концепти и визуелни истражувања, охрабрувајќи ги посетителите да се поврзат со визијата на секој автор. Меѓу учесниците се и повеќе македонски автори:
Ангела Грозданов, Анѓела Танчевска, Филип Ицовски, Ивана Цветаноска, Јелена Велинова, Кети Талевска Бакревска, Мартина Павлоска, Сара Ислам и Сашо Алушевски.
Работилници од тимот на Зрно во соработка со Фото клуб „Ирис“:
13 октомври, 11:00 – Емилија Сандиќ: „Мордансаж техника“
14 октомври, 15:00 – Мартина Павлоска: „Креативна игра со полароид фотографија“



