ЗИМАТА ТРОПА НА ВРАТА Попова Шапка најстудена утрово со измерени -4 степени

ЗИМАТА ТРОПА НА ВРАТА Попова Шапка најстудена утрово со измерени -4 степени

Попова Шапка беше најстуденото место во земјава утрово, каде во 8:30 часот беа измерени минус 4 степени Целзиусови. Според податоците, температура од -1 степен е регистрирана во Маврови Анови и во Крушево, додека нула степени се измерени во Берово и Лазарополе.

Во Крива Паланка утрово се измерени 1 степен, во Скопје – Зајчев Рид, Штип и Виница 2 степени, а 3 степени се регистрирани во Тетово, Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци, Претор и на скопскиот аеродром Петровец. Најтопло утрово било во Гевгелија со 6 степени, додека во Струмица, Охрид и Демир Капија се измерени 4 степени.

Времето денеска ќе биде претпладне облачно, а во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој попладне долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималните дневни температури ќе се движат од 4 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 7 степени.

CATEGORIES
Share This