ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ ВО СТРАЗБУР Бугарски европратеници бараат бришење на македонскиот јазик

На Предлог-извештајот се поднесени 28 амандмани. Меѓу нив е и предлогот на бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, кој бара зборот „современ“ да се додаде пред „македонски јазик и идентитет“,

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ ВО СТРАЗБУР Бугарски европратеници бараат бришење на македонскиот јазик
Фото: Принтскрин

Во пресрет на денешното гласање во Европскиот парламент за извештајот за напредокот на Северна Македонија, бугарските европратеници, поддржани и од некои грчки колеги, вложуваат напори да се изменат формулациите поврзани со македонскиот јазик и идентитет. Тие инсистираат овие термини целосно да се отстранат од документот, тврдејќи дека не им припаѓаат на извештај за европско интегрирање.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од партијата ГЕРБ изјави дека е изненаден од, како што рече, „огромната финансиска и дипломатска енергија со која Скопје се обидува да внесе текстови кои не припаѓаат во извештај за членство во ЕУ“.

„Ние не сме Институт за историја или Академија на науките за да признаваме или непризнаваме јазици и идентитети“, рече Ковачев.

На расправата во Стразбур присуствуваше и Љупчо Георгиевски, претседател на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“, кој е условно осуден во Северна Македонија. Ковачев нагласи дека неговото присуство има за цел да ги информира европратениците за, како што рече, судските репресии врз македонските Бугари.

Бугарскиот европратеник Петар Волгин од партијата „Преродба“ ги обвини еврокомесарите и известувачот дека „си ги затвораат очите пред очигледните прекршувања од страна на Скопје“, со цел побрзо внесување на земјата во ЕУ.

На Предлог-извештајот се поднесени 28 амандмани. Меѓу нив е и предлогот на бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, кој бара зборот „современ“ да се додаде пред „македонски јазик и идентитет“, како и вклучување на протоколите од Договорот за добрососедство во извештајот.

Гласањето за извештајот е закажано за денеска напладне.

CATEGORIES
TAGS
Share This