ЖЕНАТА КОЈА МНОГУ ЈА САКАЛ ГОЦЕ Била паметна, убава и скромна девојка

Историчарите утврдиле дека Гоце бил на проштална вечер кај неа по Божиќните празници во 1902 година каде Јанка му предала црвено востаничко знаме и плетен џемпер што самата го плетела.

ЖЕНАТА КОЈА МНОГУ ЈА САКАЛ ГОЦЕ Била паметна, убава и скромна девојка

Не се знае многу за несудената вереница на македонскиот херој Гоце Делчев, идеолог, водач, организатор, со еден збор срцето на македонското национално народно-ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век,  освен дека била паметна, убава и скромна девојка која поминала низ бурна животна трагедија.

Жената која многу ја сакал Гоце била Јустинијана (Јанка) Каневчева од Охрид. Историчарите утврдиле дека Гоце бил на проштална вечер кај неа по Божиќните празници во 1902 година каде Јанка му предала црвено востаничко знаме и плетен џемпер што самата го плетела.

Истата ноќ Гоце се сретнува и со својот голем пријател Михаил Герџиков на кого му остава аманет: „Ако се случи нешто со мене, ако ме убијат, има две нешта за кои милеам – татковината и Јанка. Чувај ги и двете. Ако некогаш, подоцна, се родат некакви чуства меѓу тебе и Јанка, бидете благословени.

Останатото е историја. Пет години по загинувањето на Гоце, неговиот соборец Герџиков докрај го исполнил заветот, вереницата на Гоце ја зел за сопруга и се борел за Македонија до својата смрт. Јанка прерано умира а ќерката Магда доживува длабока (стогодишна( старост. По неколку децении Македонија на еден дел од својата етничка територија стана независна држава.

CATEGORIES
Share This