ЖДРЕПКА МА ПОВИДОК – Македонија го чека противникот за ЕП 2028
Македонија нема да се соочи со селекциите од вториот „шешир“ во квалификациите

Европската ракометна федерација ги објави „шеширите“ за квалификациите за Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Македонската ракометна репрезентација е сместена во вториот „шешир“, заедно со селекциите на Австрија, Холандија, Фарски острови, Србија, Полска, Чешка, и Италија. Тоа значи дека Македонија нема да се сретне со овие репрезентации во квалификациите.
Вкупно 32 селекции се распределени во четири „шешири“, а ждрепката ќе ги подели во осум групи со по четири репрезентации.
Во првиот „шешир“ се наоѓаат европските ракометни сили: Германија, Хрватска, Исланд, Шведска, Франција, Норвешка, Унгарија и Словенија.
Третиот „шешир“ го сочинуваат: Литванија, Босна и Херцегоцина, Белгија, Грција, Украина, Романија, Грузија и Црна Гора.
Во четвртиот „шешир“ се: Естонија, Латвија, Турција, Косово, Луксембург, Израел, Финска и Словачка.
Ждрепката за групите ќе се одржи на 26 март во Lisbon.
На Европското првенство ќе учествуваат 24 репрезентации, по две најдобропласирани од секоја група, како и четири најдобри третопласирани селекции.
Веќе се познати четири учесници на шампионатот: домаќините Шпанија, Португалија и Швајцарија како и актуелниот европски шампион Данска.


