ЗГОЛЕМЕНА ГУЖВА НА ПАТИШТАТА – АМСМ со важно предупредување до возачите
Зголемена фреквенција на возила на патиштата, а на двата најфреквентни гранични премини има подолги задржувања.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.
Поради зголемената фреквенција на возила, подолги задржувања има на граничните премини Табановце и Богородица, каде за излез од државата се чека околу еден час.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.
Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

