ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ НА ПАТИШТАТА Без подолги задржувања на границите

Коловозите се суви, но АМСМ предупредува на можни одрони и апелира до возачите да бидат особено внимателни на критичните делници.

ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ НА ПАТИШТАТА Без подолги задржувања на границите
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а коловозите се суви. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.

Од АМСМ информираат дека на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Возачите се повикуваат да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.

Внимание е потребно особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во однос на сезонскиот режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, од 15 април е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This