ЗЕЛЕНСКИ ОСТАНА БЕЗ ЧОВЕКОТ ШТО ГО ПРИДРУЖУВАШЕ ПОВЕЌЕ ОД СОПРУГАТА – Андриј Јермак владарот на Украина во сенка

Официјално: корупција. Неофицијално: притисок за мировен договор и така заминува човекот што беше покрај Зеленски како сенка

ЗЕЛЕНСКИ ОСТАНА БЕЗ ЧОВЕКОТ ШТО ГО ПРИДРУЖУВАШЕ ПОВЕЌЕ ОД СОПРУГАТА – Андриј Јермак владарот на Украина во сенка
Фото: Принтскрин

Владимир Зеленски не донесувал важни одлуки без консултација со својот шеф на кабинетот, Андриј Јермак.

Јермак бил целосно посветен на Зеленски – никогаш не се оженил, немал деца и никогаш не дозволувал никому да се приближи премногу до украинскиот претседател. Јермак го придружувал Зеленски на официјални настани почесто од неговата сопруга.

Украинскиот претседател во моментот повеќе тагува по неговиот заминат соработник отколку што е загрижен за истрагата за наводната вмешаност на Јермак во корпуција.

Да потсетиме, Национал веќе пишуваше дека Андриј Јермак е владарот во Украина во сенка и главен идеолог на војната во Украина. Оваа позиција му овозможи да концентрира голема власт во земјата во свои раце.

На 28 ноември, Зеленски потпиша указ со кој го разреши Јермак. Официјално како причина се наведува замешаност на Јермак во корупција додека неофицијално се зборува дека ова е притисок врз Зеленски за постигнување на мировен договор.

CATEGORIES
TAGS
Share This