ЗАВРШЕНА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИЈА ЗА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ-КИЧЕВО – девет фирми влегуваат во трка за изведба
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека е завршена претквалификациската фаза од тендерската постапка за изградба на автопатската делница Букојчани–Кичево, која е дел од стратешкиот Коридор 8.

Во следната фаза, девет компании кои ги исполнуваат условите добиле покана да достават финансиски понуди до 30 септември, по што ќе следи евалуација и избор на најповолен изведувач.
Проценетата вредност на проектот изнесува 132,7 милиони евра, од кои:
- 110 милиони евра се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР),
- 19,8 милиони евра се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Новата автопатска делница, во должина од 10,2 километри, ќе биде продолжение на трасата Гостивар–Букојчани (30,1 км). Проектот предвидува двоен коловоз со по две ленти од 3,5 метри, а максималната дозволена брзина ќе изнесува 100 километри на час.
Оваа делница е од стратешко значење за подобрување на регионалната поврзаност и безбедноста во сообраќајот, а со нејзината реализација се очекува значајно олеснување на патниот транспорт на Коридорот 8.
CATEGORIES Бизнис


