ЗАПОШНУВА ЛЕТНИОТ МУЗИЧКИ OPEN AIR ФЕСТИВАЛ „ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ” во организација на Културно информативен центар – Скопје

Оваа година, на сцената повторно ќе настапат свежи домашни музичари, кои со својот уникатен звук ќе создадат вистинска магија на летната вечер.

ЗАПОШНУВА ЛЕТНИОТ МУЗИЧКИ OPEN AIR ФЕСТИВАЛ „ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ” во организација на Културно информативен центар – Скопје

На 9 јули, срцето на градот повторно ќе пулсира во ритамот на добрата музика со летниот музички open air фестивал „Звукот на Скопје”, во организација на Културно информативен центар – Скопје.

Фестивалот, кој стана препознатлив симбол на урбаната културна сцена, ги обединува љубителите на различни музички жанрови и уметноста и им нуди незаборавно искуство под отворено небо. „Звукот на Скопје” не е само фестивал – тој е културен настан што ги слави музиката, уметноста и духот на градот.

Оваа година, на сцената повторно ќе настапат свежи домашни музичари, кои со својот уникатен звук ќе создадат вистинска магија на летната вечер.

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од едно од највибрантните случувања во Скопје ова лето!

ПРОГРАМА

📌 Салон 19:19 🕚 20:30

🎼 Концерт на Филип Шурбевски Езгија квартет

***

📌 Кулпарк (пред КИЦ) 🕚 21:30

🔊 Концерт на Мартин Џорлев

🔊 Концерт на Педро Хоризонте

***

📌 Изложбен салон Империјал 1 🕚 20 часот

✂️ „Резови” – изложба на Стефан Анчевски и Марјан Стојаноски

📌 Изложбен салон Империјал 2 🕚 20 часот

📸 Изложба на дела од колекцијата на КИЦ

***

📌 Изложбен салон Империјал 2 🕚 19:30 часот

📚 Промоција на книгата „Наследство: Кoшмари” од Јордан Коцевски

+ Мини саем на книги

CATEGORIES
Share This