ЗАГУБА ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА Почина Владо Јаневски

По кратко боледување, еден од најзначајните македонски кантавтори почина на 66-годишна возраст, оставајќи зад себе богато музичко наследство.

ЗАГУБА ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА Почина Владо Јаневски
Фото: Принтскрин

Македонската музичка сцена остана без едно од своите најголеми имиња. По кратко боледување, вечерва на 66-годишна возраст на скопска клиника почина легендарниот пејач, кантавтор и композитор Владо Јаневски, познат меѓу публиката и како „Чаирскиот романтичар“.

Со неговото заминување, Македонија изгуби уметник кој повеќе од три децении беше синоним за квалитетна поп-музика. Зад себе остави богато музичко наследство, десетици безвременски хитови и песни што и денес ги пеат различни генерации.

Владо Јаневски беше препознатлив по својот уникатен вокал, искрените текстови и препознатливиот авторски печат. Неговите композиции оставија длабока трага во македонската музичка историја и му донесоа статус на еден од најценетите кантавтори и вокалисти на овие простори.

Неговите песни ќе продолжат да живеат како траен потсетник на неговиот талент и придонес кон македонската музичка култура.

CATEGORIES
Share This