ЗАДРЖУВАЊЕ ОД 45 МИНУТИ НА БОГОРОДИЦА Зголемен сообраќај на патиштата

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини, а возачите се предупредуваат на можни одрони на повеќе патни делници.

ЗАДРЖУВАЊЕ ОД 45 МИНУТИ НА БОГОРОДИЦА Зголемен сообраќај на патиштата
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информира АМСМ.

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од Македонија изнесува околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат со зголемено внимание.

Посебна внимателност се препорачува на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони. Тоа особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, од 15 април е отворен за сообраќај за сите видови возила со маса до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This