ВУЧИЌ НАЈАВИ ПОЛИТИЧКА БОМБА ВО ПАРЛАМЕНТОТ Утре ќе ги откријам сите детали за изборната ноќ

Александар Вучиќ жестоко ги отфрли тврдењата дека во изборната ноќ сакал да предизвика одреден инцидент, но бил спречен поради телефонски повик од странство. Српскиот претседател најави дека утре во парламентот ќе ги открие сите детали за настаните.

ВУЧИЌ НАЈАВИ ПОЛИТИЧКА БОМБА ВО ПАРЛАМЕНТОТ Утре ќе ги откријам сите детали за изборната ноќ
Фото: Принтскрин

Носителот на изборната листа „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, Александар Вучиќ, денеска ги демантираше информациите дека во изборната ноќ имал намера да предизвика одреден настан, но бил спречен поради интервенција од странство. Тој ваквите тврдења ги нарече „најбрутална лага“, обвинувајќи ги медиумите и политичките противници за ширење невистини.

„Лагите имаат кратки нозе и, за жал, револуционерите и нивните помагачи не размислуваат за лагите што ги кажуваат. Најбруталната лага, ‘РТС’, вистинската ТВ Бастиља, е дека некој рекол дека сакал да предизвикам нешто во изборната ноќ, но ме спречиле. Тоа е озлогласена лага. Утре ќе ги кажам сите детали во српскиот парламент“, порача Вучиќ во видеообјава на својот профил на Инстаграм.

Тој додаде дека за време на изборниот ден, и тоа долго пред затворањето на гласачките места, имал само еден телефонски разговор во кој бил прашан за случувањата во Лазаревац.

Вучиќ најави дека утре пред пратениците ќе ги изнесе деталите за целиот случај, со што се очекува да даде одговор на обвинувањата и да ја претстави својата верзија за случувањата во изборната ноќ.

CATEGORIES
Share This