НОВ ПАД НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА Бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот за 2,5 денари

Најголемо намалување има кај екстра лесното масло за домаќинство, кое поевтинува за 3 денари по литар.

НОВ ПАД НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА Бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот за 2,5 денари
Фото: Национал

Малопродажните цени на сите нафтени деривати се намалуваат, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот за 2,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за 3 денари по литар.

Со новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 86 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 92 денари за литар.

Поголемо намалување има кај екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена се намалува за 3 денари и ќе изнесува 100,50 денари за литар.

Поевтинува и мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 0,998 денари и ќе изнесува 48,314 денари за килограм.

Новите цени се однесуваат на намалувањето во споредба со малопродажните цени утврдени со претходната одлука од 9 ноември 2026 година.

CATEGORIES
Share This