ВРЕМЕТО ПРАВИ ПРЕСВРТ Попладне дожд, грмежи и силен ветер

Граѓаните да бидат подготвени за брза промена на времето во попладневните часови.

ВРЕМЕТО ПРАВИ ПРЕСВРТ Попладне дожд, грмежи и силен ветер
Фото: Национал

Времето денеска ќе биде  сончево со мала до умерена облачност и температура во интервал од 8 до 31 степени – информираат од Управата за хидрометеоро9лочки работи на Македонија. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

CATEGORIES
Share This