ВРЕМЕТО ПРАВИ ПРЕСВРТ До 34 степени, а попладне дожд, грмежи и локално невреме

Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, но во попладневните часови на повеќе места се очекува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

ВРЕМЕТО ПРАВИ ПРЕСВРТ До 34 степени, а попладне дожд, грмежи и локално невреме
Фото: Национал

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе се движи од 9 до 34 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This