ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА СО ДВА ЛИКА – Мирно утро, нестабилно попладне
Попладневна нестабилност со локални врнежи, на југоисток можен и пороен дожд со грмежи.

Фото: Национал
Времето денеска (02.05.) ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура во ин тервал од -2 до 18 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а во југоисточните делови услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. T=19°C. P=984hPa. U=23%. V=6m/s.
CATEGORIES Македонија
