ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со дожд и грмежи низ Македонија

Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со дожд и грмежи низ Македонија

Времето денеска (26.09.) ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд со температура во интервал од 8 до 24 степени информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

CATEGORIES
Share This