ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА Ветровит викенд со повремена облачност и слаб дожд во некои региони

За време на викендот, 11 и 12 октомври, времето во државата ќе биде променливо облачно, а во сабота се очекува нешто повеќе облачност која на места ќе донесе сосема слаб и локален дожд, информираат метеоролозите.
Најветровито ќе биде во Повардарието и источните делови на земјата, каде што ќе дува засилен, повремено и силен северен ветер, со удари кои локално ќе надминуваат 60 километри на час.
Температурите ќе останат во рамките на октомврискиот просек, а временската нестабилност ќе биде краткотрајна и без поголеми врнежи.
CATEGORIES Македонија


