ВРАЧЕНИ ПРИЗНАНИЈА НА 64-ТИТЕ СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Иван Штрпка го доби „Златниот венец“

Во чест на добитниците и поетската уметност, на митингот стихови читаа и поети од повеќе земји, а поетска Струга и годинава, по 64-ти пат, блесна во сиот свој сјај.

ВРАЧЕНИ ПРИЗНАНИЈА НА 64-ТИТЕ СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Иван Штрпка го доби „Златниот венец“

Словачкиот поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка вчера на Мостот на поезијата во Струга го прими највисокото признание „Златен венец“ за 2025 година, на 64-тото издание на меѓународната манифестација Струшки вечери на поезијата.

На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ беа врачени и други престижни награди:

„Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП, која годинава ја доби поетесата Јулијана Величковска за збирката „Рајсфершулс“.

„Мостови на Струга“, што го доделуваат УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата за најдобар поет-дебитант, кој му припадна на Матеуш Шимчик од Полска за книгата „Потребни се извори“.

Во чест на добитниците и поетската уметност, на митингот стихови читаа и поети од повеќе земји, а поетска Струга и годинава, по 64-ти пат, блесна во сиот свој сјај.

Манифестацијата започна во четврток со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на лауреатот и палењето на фестивалскиот оган во Домот на поезијата.

Во рамки на програмата „Поезијата на пат“, денес во Кавадарци ќе биде промовирана панорама на македонската винска поезија „Дионис и Свети Трифун“.

CATEGORIES
Share This