ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО Можни одрони на неколку планински делници

На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути.

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО Можни одрони на неколку планински делници
Фото: АМСМ

Денеска (25.07.) сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово- Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

CATEGORIES
Share This