ВОЗАЧИ ВНИМАНИЕ Од 15 ноември задолжителна зимска опрема, АМСМ со нови информации
Сообраќајот се одвива непречено, но коловозите се претежно влажни. Нема подолги задржувања на границите, а се предупредува на можни одрони на одредени патни правци.

Според информациите на АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потсетува дека од 15 ноември 2026 година стапува на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Обврската ќе важи до 15 март 2027 година. Повеќе информации за задолжителната зимска опрема може да прочитате ТУКА.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај, според кој од 15 април патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила со маса до 3,5 тони.

