ВОЈНАТА СО ИРАН МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ И ВО НОВАТА ГОДИНА Трамп проговори и за цените на нафтата

Американскиот претседател вели дека Вашингтон и Техеран сè уште не можат да постигнат договор и дека нема сигнали оти Иран е подготвен на компромис.

ВОЈНАТА СО ИРАН МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ И ВО НОВАТА ГОДИНА Трамп проговори и за цените на нафтата
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп најави можност Соединетите Американски Држави да ги продолжат воените операции против Иран и по Нова година доколку Вашингтон и Техеран не постигнат договор за прекин на конфликтот. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп изјави дека индиректните преговори со Исламската Република сè уште се во тек, но дека засега не даваат конкретни резултати.

Според него, двете страни се заглавени во преговори и ограничени напади, без да успеат да го прекинат конфликтот.

„Ќе ја продолжиме војната против Иран по Нова година доколку не се постигне договор“, порача Трамп, додавајќи дека во моментов нема индикации оти Техеран е подготвен да постигне договор.

Изјавата на американскиот претседател укажува дека Вашингтон и натаму ја разгледува воената опција доколку дипломатските напори не донесат резултат.

Паралелно со изјавите за воениот конфликт со Иран, Трамп се осврна и на движењето на цените на нафтата, поврзувајќи го нивниот пад со среднорочните избори во САД, одржани на 3 ноември. Во објава на социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), американскиот претседател истакна дека однапред предвидел ваков развој на настаните.

„Не е ли интересно што цените на нафтата паднаа од среднорочните избори? Ви кажав дека ова ќе се случи. Сето ова е колосална измама!“, напиша Трамп.

Тој посочи дека пред изборите предвидел две работи, меѓу кои и движењето на цените на нафтата. Неговите изјави доаѓаат во период на неизвесност околу натамошниот развој на конфликтот со Иран, додека инвеститорите внимателно ги следат дипломатските преговори, воените активности и нивното можно влијание врз глобалниот енергетски пазар.

ТРАМП СО ПОРАКА ДО ИРАН Не барам промена на режимот, сакам траен договор за нуклеарното оружје

CATEGORIES
Share This