ВОДОВОД ИНФОРМИРА Без вода дел од Општина Карпош

Жителите на улицата „Ванчо Мицков“ во општина Карпош денеска од 9 часот останаа без водоснабдување.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување на нов водоводен приклучок на улицата, кај објектот со број 39.
Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде воспоставено веднаш по завршувањето на планираните работни активности на терен.
CATEGORIES Македонија


