ВО СОБРАНИЕТО ДЕН ЗА ПРАШАЊА – Пратениците во главна улога
Ново правило предвидува посебна двочасовна сесија за прашања од опозицијата

Фото: Национал
Денеска Собранието на Република Македонија се одржува 71. седница на која ќе има единствена точка на дневен ред – поставување пратенички прашања. На седницата вообичаената слика што со години ја гледаме на релација власт-опозиција на моменти со жестоки прашања и одговори.
Да потсетиме, таквите пленарни седници за пратенички прашања обично се одржуваат секој последен четврток во месецот.
Согласно Деловникот, прашањата до премиерот и министрите прво ги поставуваат пратениците од опозицијата.
Според новите правила, од 21 ноември минатата година, еднаш месечно се организира и посебна седница за пратенички прашања од опозицијата, која трае два часа.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест

