ВО ОПШТИНА КУМАНОВО СИТЕ СЕ ЕДНАКВИ – Нема селективен пристап за пари и проекти

Се нагласува еднаков третман за сите правни и физички лица пред институциите.

ВО ОПШТИНА КУМАНОВО СИТЕ СЕ ЕДНАКВИ – Нема селективен пристап за пари и проекти
Фото: Принтскрин

Во Општина Куманово сите граѓани уживаат еднакви права и можности во согласност со законските прописи и никогаш не се применува селективен пристап велат од општината.

Оттаму посочуваат дека постои значителен интерес од страна на инвеститори за реализација на енергетски проекти, вклучително изградба на фотонапонски електрани, системи за складирање енергија со батерии и слично.

Од 2023 година до денес до Општината се доставени голем број барања за изградба на фотонапонски панели на земјиште. За сите апликации кои ги исполниле законските услови е издадено одобрение за градба, а во моментов во системот ‘Е-градежни дозволи’ има три активни предмети.

Секој инвеститор е обврзан да плаќа надомест за уредување на градежно земјиште, што претставува значаен приход за буџетот на Општина Куманово. Согласно законот, тие поднесуваат и барања за евиденција во годишниот енергетски план на општината, кој потоа се потврдува со одлука на Владата како дел од националната стратегија за развој на енергетиката“, истакнуваат од општината.

Општината нагласува дека сите компании и инвеститори, без разлика на сопственичката структура, се третираат еднакво и на барање се внесуваат во годишниот енергетски план, кој се усвојува од Советот на Општината.

„Нема да коментираме шпекулации и тврдења за наводни блискости со поединци или инвеститори. Сите физички и правни лица кои постапуваат согласно законот во постапките пред општината имаат ист третман и еднакви права и можности, и така ќе продолжиме да работиме и понатаму“, стои во објавата од Општина Куманово.

CATEGORIES
TAGS
Share This