ВНИМАТЕЛНО НА ПАТИШТАТА Сообраќајот непречен, но на повеќе делници има измени
АМСМ со предупредување за можни одрони и времен режими поради градежни активности.

Сообраќајот на државните патишта денеска се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои можност за појава на одрони.
Во меѓувреме, на повеќе патни правци е во сила времен режим поради градежни и санациони работи, меѓу кои Кичево – Охрид, Гостивар – Стража, скопската обиколница, Смоквица – Гевгелија и Прилеп – Битола.
На патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, сообраќајот е дозволен за возила до 3,5 тони.
АМСМ ги повикува возачите на зголемено внимание и строго почитување на поставената сигнализација на сите делници каде се изведуваат градежни активности.

