ВМРО-ДПМНЕ НА ЕВРОПСКА СЦЕНА – Мицкоски на конгрес на ЕПП

На настанот се очекува присуство на лидери од Европската народна партија и врвни европски функционери

ВМРО-ДПМНЕ НА ЕВРОПСКА СЦЕНА – Мицкоски на конгрес на ЕПП
Фото: Принтскрин

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со партиска делегација, од денеска до 20 март ќе учествува на Конгресот на Европската народна партија во Брисел.

На настанот се очекува присуство на високи европски претставници, меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека учеството на конгресот ја потврдува посветеноста на Северна Македонија кон европската интеграција, но и отвора можности за билатерални средби со лидери од Европската народна партија.

Во состав на делегацијата се и генералниот секретар на партијата, Драган Ковачки, како и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе присуствува и на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија, која во изминатите децении има значајна улога во креирањето на европските политики и вредности.

Од партијата нагласуваат дека ова учество претставува важна можност за промоција на националните интереси и зајакнување на позицијата на државата во европското политичко семејство, како и за активно учество во процесите што ја обликуваат иднината на Европа.

CATEGORIES
Share This