ВЛЕЗОТ ВО ШУМА МОЖЕ ДА ВЕ ЧИНИ 2.000 ЕВРА Нова забрана од 1 јули

Забраната ќе трае два месеци, а влез во шумите ќе биде можен само со посебно писмено одобрение од надлежните служби.

ВЛЕЗОТ ВО ШУМА МОЖЕ ДА ВЕ ЧИНИ 2.000 ЕВРА Нова забрана од 1 јули
Фото: Принтскрин

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека воведува целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, поради зголемената опасност од појава и ширење на шумски пожари на отворен простор.

Одлуката е донесена согласно насоките на Владата и барањата на корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и националните паркови кои управуваат со заштитени подрачја. Согласноста за воведување на забраната е издадена согласно член 57, став 3 од Законот за шумите.

Забраната ќе биде во сила од 1 јули до 31 август 2026 година, а во наведениот период движењето низ шумите ќе биде дозволено исклучиво со претходно добиено писмено одобрение од надлежните подружници на ЈП „Национални шуми“ или од управите на националните паркови, зависно од подрачјето.

Од Министерството апелираат граѓаните да ја почитуваат мерката со цел спречување на шумски пожари и заштита на природните богатства.

За непочитување на забраната, физичките лица кои ќе бидат затекнати при движење во шума или шумско земјиште ќе бидат санкционирани согласно член 106 од Законот за шумите, со глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

CATEGORIES
Share This