ВЛАЖНИ ПАТИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА Возачите да ја прилагодат брзината

Патиштата низ земјава се проодни, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВЛАЖНИ ПАТИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА Возачите да ја прилагодат брзината
Фото: Национал

Денеска (02.06) сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено, но по влажни коловози, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно со возилата, особено на делниците каде постои зголемен ризик од одрони.

Како покритични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, потсетуваат дека од 15 април патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е повторно отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3,5 тона.

CATEGORIES
Share This