ВЛАДАТА НОСИ КЛУЧНА ОДЛУКА – Еве што ќе важи до јуни 2026 година

Владата ги продолжи мерките за ублажување на ценовните притисоци до 1 јуни 2026 година.

ВЛАДАТА НОСИ КЛУЧНА ОДЛУКА – Еве што ќе важи до јуни 2026 година
Фото: Принтскрин

Владата одлучи да ги продолжи мерките за ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Одлуката е донесена на вонредна седница на Владата, а информацијата ја потврди министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според неа, мерките се одговор на економските предизвици и нестабилноста на меѓународните пазари на енергенси, со кои се соочуваат многу држави.

„Како Влада и Министерство за финансии обезбедуваме стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните“, истакна Димитриеска-Кочоска во објава на социјалните мрежи.

Од Владата наведуваат дека продолжувањето на мерките има цел да ги ублажи економските последици врз домаќинствата и компаниите, особено во услови на нестабилни цени на енергенсите и глобална економска неизвесност.

Сè уште не се објавени детали за тоа кои конкретни мерки остануваат активни, но институциите нагласуваат дека фокусот останува на заштита на животниот стандард и контролирање на инфлацијата.

CATEGORIES
Share This