(ВИДЕО) СКАНДАЛ ПРЕД СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Познатата актерка и пратеничка на СНС полеана со јогурт

Лидија Вукиќевиќ тврди дека најпрво била влечена за коса, а потоа полеана со јогурт додека доаѓала на конститутивната седница.

(ВИДЕО) СКАНДАЛ ПРЕД СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Познатата актерка и пратеничка на СНС полеана со јогурт
Фото: Принтскрин

Инцидент ја одбележа атмосферата пред почетокот на конститутивната седница на новиот состав на Народното собрание на Србија во Белград, откако познатата актерка и новоизбрана пратеничка на Српската напредна партија (СНС), Лидија Вукиќевиќ, беше полеана со јогурт додека доаѓаше во парламентот.

Настанот се случил наутро, пред главниот влез на собраниската зграда. Според информациите на Н1, додека Вукиќевиќ се движела кон влезот, еден од собраните граѓани ѝ истурил јогурт врз косата. По инцидентот, актерката накратко застанала на скалите, се избришала со марамче, а потоа влегла во парламентот.

„Прво почнаа да ме влечат одзади, да ме влечат за коса, а потоа ми истурија јогурт. Ова е неприфатливо. Никогаш нема да се согласам со она што го прават, ќе размислувам вака до крај и нема да се плашам дека ќе ме полеат со 30 литри јогурт“, изјавила Вукиќевиќ по нападот.

Инцидентот се случил во услови на зголемени политички тензии пред парламентот, каде што стотици граѓани се собрале за да ги поддржат претставниците на Студентската листа, која остварила значаен резултат на парламентарните избори од 25 октомври.

Студентските претставници пристигнале од Пионирскиот парк, пречекани со аплаузи, песни и извици од насобраните граѓани. Наспроти нив, претставниците на коалицијата предводена од СНС биле дочекани со гласни свирежи.

Лидија Вукиќевиќ, позната телевизиска и театарска актерка, и претходно била политички активна како претставничка на Српската радикална партија. Сега се враќа во парламентот како пратеничка од листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, која освоила 103 мандати во новиот состав.

На дневен ред на конститутивната седница, закажана за 10 часот, се потврдувањето на пратеничките мандати, изборот на претседател и раководството на парламентот, како и назначувањето на други собраниски функционери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by N1 Srbija (@n1srbija_)

CATEGORIES
TAGS
Share This