(ВИДЕО) ШОК, ТРЕСЕЊЕ И НЕВЕРУВАЊЕ Винчиќ откри како дознал дека ќе го суди финалето на Мундијалот
Словенечкиот арбитер призна дека веста од Пјерлуиџи Колина целосно го изненадила и дека ова е сон на секој судија.

Словенечкиот арбитер Славко Винчиќ (46) ќе ја има честа да го суди големото финале на Светското првенство во 2026 година меѓу Аргентина и Шпанија, кое ќе се одигра во недела.
Винчиќ откри дека веста за неговото назначување ја добил директно од Пјерлуиџи Колина, претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, а признал дека моментот бил целосно неочекуван.
„Првата реакција беше шок, а потоа дојде среќата. Се тресев. Неверојатна чест е да се суди финале на Светско првенство. Тоа е сон на секој судија уште од моментот кога ќе започне со оваа професија. Многу сум горд на себе и на целиот мој тим“, изјави Винчиќ.
Со ова назначување, Винчиќ ќе стане 23-тиот судија во историјата кој ќе го води финалето на најголемиот фудбалски настан и првиот Словенец со таква привилегија.
„Тешко е да се опише со зборови. Гордо ја претставувам Словенија на најголемиот спортски настан во светот. Мојот тим е исто така многу горд и ќе дадеме максимум“, додаде тој.
Винчиќ важи за еден од најискусните европски судии. Зад себе има бројни големи натпревари, меѓу кои и настапи на Европските првенства и финалиња на европските клупски натпреварувања. Тој судеше на Европското првенство 2020, а во 2022 година го водеше финалето на Лигата Европа меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс.
Во 2024 година беше главен судија на финалето во Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, а беше дел и од Европското првенство во Германија, каде го судеше полуфиналето меѓу Франција и Шпанија.
На актуелното Светско првенство ова е негов втор настап. На Мундијалот во Катар во 2022 година водеше два натпревари, додека во 2026 година досега ги судеше дуелите Бразил – Мароко, Јордан – Алжир и осминафиналето Мексико – Еквадор.
Словенечкиот судија нагласи дека успехот не е само негов, туку на целиот судиски тим, особено на неговите помошници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ.
„Судењето е тимска работа. Без Томаж и Андраж ова не би било возможно. Многу сум среќен што ги имам покрај себе низ целата кариера. Ние сме одлични пријатели и одличен тим“, рече Винчиќ.
На финалето четврти судија ќе биде Јорданецот Адам Махадме, додека резервен помошен судија ќе биде неговиот сонародник Мохамад Ал Калаф.
Introducing your referee for the @FIFAWorldCup 2026 Final….🥁
Congratulations, Slavko Vinčić! 👏 pic.twitter.com/OMLJ3oA31p
— FIFA (@FIFAcom) July 17, 2026


