(ВИДЕО) САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ Во Саудиска Арабија ќе се игра фудбал на стадион во облаците
И покрај сомнежите, властите во Ријад се уверени дека NEOM Stadium ќе стане симбол на новата ера на саудиската амбиција, покажувајќи дека земјата не само што сака да биде лидер во енергетиката, туку и во архитектурата, спортот и футуристичкиот урбанизам.

Саудиска Арабија планира да го изгради првиот „небесен стадион“ во светот – футуристички спортски комплекс кој ќе биде поставен 350 метри над земјата, во рамките на мегапроектот The Line, дел од визионерскиот град NEOM. Новиот стадион, наречен NEOM Stadium, ќе располага со 46.000 седишта, а целосно ќе користи обновлива енергија, во согласност со заложбите на кралството за одржлив развој и иновативна урбана архитектура.
Отворањето на овој спектакуларен објект е предвидено за 2032 година, а само две години подоцна, во 2034, ќе биде меѓу домаќините на Светското првенство во фудбал, каде ќе се играат натпревари до четвртфиналната фаза.
Проектот The Line е замислен како град на иднината – долг 170 километри, но широк само неколку стотини метри, составен од две паралелни стаклени структури исполнети со зелени површини, вештачка интелигенција и високотехнолошки решенија за живот без автомобили и загадување.
Сепак, експертите се скептични. Многумина предупредуваат дека цената од околу 8,8 трилиони долари што е повеќе од 25 пати поголема од годишниот буџет на Саудиска Арабија го прави проектот финансиски и логистички тешко одржлив. Други укажуваат на технолошките и инженерските предизвици што би произлегле од изградба на стадион на таква височина и во толку специфична урбана структура.
И покрај сомнежите, властите во Ријад се уверени дека NEOM Stadium ќе стане симбол на новата ера на саудиската амбиција, покажувајќи дека земјата не само што сака да биде лидер во енергетиката, туку и во архитектурата, спортот и футуристичкиот урбанизам.


