(ВИДЕО) КАКО НОВИНАРКА ПРЕНЕСУВАВ, СЕГА ЌЕ ГО МЕНУВАМ НАЧИНОТ НА ВЛАДЕЕЊЕ – Крај на дрскоста, полуписменоста и отуѓеноста

Заедно можеме да изградиме управување што служи на граѓаните, а не на партиски интереси

(ВИДЕО) КАКО НОВИНАРКА ПРЕНЕСУВАВ, СЕГА ЌЕ ГО МЕНУВАМ НАЧИНОТ НА ВЛАДЕЕЊЕ – Крај на дрскоста, полуписменоста и отуѓеноста
Фото: Национал

Носителката на листа на Единствена Македонија за совет на Општина Штип, м-р Маре Стојилова, во изјава за Радио Канал 77 зборуваше за мотивот зошто од новинарството влегува во политичките води.

„Влегувам во локалната политика со јасна цел – да придонесам за професионално, стручно и одговорно раководство во нашиот град. Досега, како новинар, само известував за проблемите, но сега сакам активно да учествувам во решавањето на истите. Да кажеме доста на отуѓеноста, дрскоста и недоволната стручност што се забележуваат во одредени сфери на локалната администрација. Со моето искуство и посветеност, ќе се залагам за ангажирање професионален и стручен кадар, со образование и искуство, прекин на практиката на вработување без соодветна квалификација и подобрување на квалитетот и ефикасноста на локалните услуги. Време е за промена која носи одговорност, знаење и професионализам. Заедно можеме да изградиме управување што служи на граѓаните, а не на партиски интереси“ – потенцираше Стојилова.

Маре Стојилова на гласачкото ливче е под број 12.

CATEGORIES
TAGS
Share This