УЖАСНА СИТУАЦИЈА ВО УНГАРИЈА Снема вода за пиење, системот не може да издржи
Екстремните температури ја зголемија потрошувачката за повеќе од половина, а во некои места резервите не можат да се надополнат.

Унгарија се соочува со сериозен проблем со снабдувањето со вода за пиење поради екстремните температури, предупреди премиерот Петер Маѓар.
Поради рекордно високите температури, во земјата е продолжено највисокото ниво на тревога до 1 јули, а во 120 населени места се воведени ограничувања на потрошувачката на вода од втор степен. Недостиг на вода веќе е регистриран во три населби, што директно засега околу 6.800 жители.
Маѓар информираше дека за време на викендот потрошувачката на вода била за 55 проценти над просекот, додека во одредени региони била и повеќе од двојно повисока од вообичаеното ниво.
Според него, поради зголемената побарувачка, водоснабдителните системи на некои места не успеваат доволно брзо да ги надополнат резервите.
„Ако не ја намалиме потрошувачката веднаш, и други заедници може да се соочат со сериозен недостиг на вода“, предупреди унгарскиот премиер преку социјалните мрежи.


