УТРОВО НАЈСТУДЕНО НА ПОПОВА ШАПКА Денес променливо облачно со сончеви периоди

Утрово минималните температури низ земјава се движеа од 0 до 6 степени Целзиусови. Најстудено беше на Попова Шапка, каде што беа измерени 0 степени, исто како и во Демир Капија и Гевгелија. Во Маврови Анови температурата изнесуваше 1 степен, а 2 степени беа забележани во Ѓуриште и Крива Паланка.
Три степени се измерени во Крушево, Берово, Струмица и Пожаране. Во Тополчани, Виница, Претор, Штип и Прилеп утринската температура достигна 4 степени, додека во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Куманово беше 5 степени. Највисоките минимални 6 степени се регистрирани во Скопје – Петровец, Кавадарци, Велес, Тетово и Битола.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе се задржи магла. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен северен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 9 до 14 степени.
Во Скопје, претпладне е можна појава на слаба магла во делови од котлината. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали. Ќе дува слаб северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне до 12 степени.


