УТРЕ ИСТЕКУВА ЕФТИНОТО ДДВ ЗА ГОРИВАТА Дали од вторник ќе има нов удар по џебот

Владата утре треба да одлучи дали ќе го продолжи ДДВ од 10 проценти, а РКЕ ќе ги објави новите цени на горивата.

УТРЕ ИСТЕКУВА ЕФТИНОТО ДДВ ЗА ГОРИВАТА Дали од вторник ќе има нов удар по џебот
Фото: Национал

Мерката со која ДДВ за горивата беше намалено од 18 на 10 проценти истекува утре, 28 септември. Владата треба да одлучи дали ќе ја продолжи мерката, додека Регулаторната комисија за енергетика треба да ги утврди максималните цени на горивата што ќе важат во следните седум дена.

Намалената даночна стапка почна да се применува на 15 септември, како мерка за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните. Владата треба да одлучи дали повластеното ДДВ за дизелот ќе продолжи да важи и во наредните две недели.

Во меѓувреме, цената на нафтата на светските берзи на крајот од оваа недела изнесуваше околу 105 долари за барел.

Засега нема потврдена одлука за продолжување на мерката, ниту е објавена нова цена на горивата. Оттука, не може однапред да се каже колку ќе плаќаат граѓаните за гориво од вторник.

Крајната цена ќе зависи од одлуката на Владата за даночната стапка, но и од пресметката на Регулаторната комисија за енергетика.

Според последно објавените максимални цени на РКЕ, литар еуродизел чини 104,50 денари, бензинот БС-95 е 99 денари, додека БС-98 се продава за 101 денар.

CATEGORIES
Share This