УСПЕШНА 2025 ГОДИНА ЗА ТТК БАНКА – Профит од 1,4 милиони евра
Фокус на дигитализација, одржливи производи и зајакнување на довербата на клиентите

ТТК Банка АД Скопје ја заврши 2025 година со профит од 1,4 милиони евра, потврдувајќи ја стабилноста на работењето и успешната реализација на стратегијата во променлива макроекономска средина. Билансната сума достигна 202,8 милиони евра, што претставува раст од 13,2% во однос на 2024 година.
Кредитната активност продолжи да расте: кредити кон стопанството се зголемија за 19,6%, а кон домаќинствата за 3,6%, додека депозитната база бележи раст од 11,4%, со значително зголемување кај домаќинствата и стопанството.
Нето-приходите од камати изнесуваат 171,3 илјади евра, додека приходите од провизии и надоместоци достигнаа 2,7 милиони евра. Оперативните трошоци се зголемени за 12,5%, во согласност со инвестициите во човечкиот капитал.
Во наредниот период, Банката ќе продолжи да се фокусира на претпазлива кредитна политика, дигитализација и развој на одржливи финансиски производи, со цел зајакнување на довербата на клиентите и поддршка на долгорочен економски развој.

